Соработката меѓу локалната и централната власт во справувањето со загадувањето на воздухот
Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска одржа состанок со градоначалниците на Скопје и Битола, Коце Трајановски и Владимир Талевски и со претставниците на општините Тетово, Кавадарци и Кичево во врска со справувањето со загадувањето на воздухот.
Имајќи ја предвид комплексноста на проблемот со појавата на високи концентарции на ПМ10 честичките особено во зимскиот период, што е загрижувачки во однос на здравјето на луѓето и за чие решавање е потребен интерсекторски пристап и силна соработка помеѓу централната и локалната власт состанокот, како што соопшти МЖСПП, беше свикан со цел да се споделат размислувања во врска со надминување на проблемот, како и да се презентираат придобивките од тековниот Твининг проект „Понатамошно зајакнување на капацитетите за усогласување на регулативата за воздух”.
Во рамките на овој проект се изработува Планот за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје и Тетово и краткорочните акциски планови во случаи концентрациите на измерените загадувачки супстанции да ги надминуваат праговите на алармирање.
- Најголемата придобивки на овие планови е што со нив, преку хемиски анализи ќе бидат точно дефинирани изворите на загадување од што ќе произлезат и потребните долгорочни мерки за подобрување и заштита на квалитетот на воздухот. Од друга страна, во краткорочните акциски планови, ќе се воспостави начинот на комуникација помеѓу релевантните институции и јавноста, и во дијалог со ЕЛС ќе се прецизираат краткорочните мерки кои се реално спроведливи во соодветните општини, се вели во соопштението.
Се очекува анализите да бидат завршени до април, а комплетните планови до септември 2016 година.
Според министерот Изаири, овие плански документи ќе бидат добар пример не само за општините Кавадарци и Кичево кои се провикани како општини со поголемо загадување на воздухот во зимскиот период, туку и за сите останати единици на локална самоуправа во кои нема мониторирање на параметрите за квалитет на амбиенталниот воздух.
Градоначалниците и претставниците на општините на состанокот ги елаборираа преземените мерки, како и проблемите со кои се соочуваат при нивното реализирање.
Ново на Сител
-
Сител сторија: Пред 15 години се бореше за живот, денес е здрава и среќна тинејџерка
-
Легендарни спортски коментаторства во Сителовиот етер
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Од денеска во маркетите над 800 производи се со намалени цени
-
Германија и Словенија со нон пејпер бараат да се укине можноста за вето поради билатерални прашања
-
Годишнина од формирањето на Движењето ЗНАМ
-
Информативната редакција на Сител со Роберт Поповски
-
30 години информативна редакција на Сител со Зоран Иванов