Сопружници од Гостивар починале во ист ден
Брачен пар од селото Добридол починале во ист ден, а од првичните сознанија, на нивните тела немало траги на насилство.
Безживотното тело на мажот го пронашол близок роднина, по што повикал и медицинска помош и во меѓувреме ја нашол и роднината во друга соба. Жената била во лоша здравствена состојба и по укажаната помош во гостиварската болница, била препратена за скопските клиники, но по патот починала.
Од СВР Тетово имформираат дека вчера околу 15 часот во СВР Тетово било пријавено дека во село Добридол, гостиварско, во сопствениот дом починал М.М.(74) од тоа село, кој живеел со сопругата Е.М.(74). Таа истиот ден починала по приемот во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.
Увид на местотот на настанот извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се пренесени во гостиварската Општа болница Гостивар за утврдување на причината за смртта.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови