-->
-->
Сообраќајот по наместа влажни коловози
-->
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат утринава од АМСМ.
Како што пишуваат од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
- АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, стои во утринското соопштение од Автомото сојузот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈСП има нафта за уште 3 до 5 дена - Тендерот за набавка заврши, ама не се знае дали е успешен
-
Протест против загадениот воздух идниот вторник во Скопје
-
СЗЛДМ - Петиција за итно обезбедување на сензори за сите и квалитетни инсулински пумпи!
-
Преглед на вестите од свет
-
Состанок на НАТО - Помошта за Украина во фокусот
-
Владата не гледа објективни причини за барањето на СДСМ за лидерска средба
-
СДСМ: Режимски тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ, се спроведува опасна партизација на институциите
-
Храбро срце со реакција за малиот буџет за трансплантации