-->
-->
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози
-->
Според информација од Министерството за транспорт и врски:
Oд 01.07.2015 година започнува со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Измената во временските интервали е следната: петок од 17:00 до 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Оваа забрана се однесува за период од 01.07. до 31.08. секоја тековна година.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.
Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
Предлогот за измена во термините е во насока на подобрување на комуникацијата и зголемување на безбедноста на сообраќајот.
Од 01.07.2015 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони.
Во однос на ограничувањето од минатите години има измена во временските интервали со цел овозможување на движење на тешките товарни возила во малку поширока временска рамка, со што би се создале услови за неоптовареност на сообраќајните токови на горенаведената патна делница.
Забраната важи за време на викендите и тоа петок од 15:00 до 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот. Оваа забрана се однесува за период од 01.07. до 01.09. секоја тековна година.
Предлогот за измена во термините е во насока на подобрување на комуникацијата и зголемување на безбедноста на сообраќајот.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
- Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес -
- Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес –
Градежното Друштво “Гранит” АД Скопје (Р.Е. Свети Николе – Штип) изведува градежни работи на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.
Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
- и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Работничка добила отказ бидејќи планирала да забремени со Ин витро – КСЗД утврди дискриминација
-
СДСМ: Ристовска треба да поднесе оставка, одлуката за Христовски ја поткопува довербата во ДКСК
-
Ако поскапат основните производи по само еден час ќе ги замрзнеме цените, рече Дурмиши
-
5те базени што ги гради државата ќе бидат готови до крајот на летото
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Кртови кои ги издаваат полициските акции ќе има уште кратко и сите ќе одговараат
-
Мицкоски очекува Ахмети да биде повикан на распит за да каже каде е Груби
-
Реновиран дел од Клиниката за психијатрија