Македонија
22. December 2019 - 18:52

Сообраќајка пред „Еквилибриум“ - прегазена жена

 

Пешак беше прегазен предмалку на улицата „Методија Шаторов-Шарло“, кај ресторанот „Еквилибриум“ во Аеродром.

Како што потврдуваат од СВР Скопје за „Република“, околу 18:10 часот било пријавено дека возило прегазило жена. Повеќе детали најавуваат за наскоро. Според очевидци, станува збор за автомобил од марката „тојота версо“.

Екипи на полицијата и Брзата помош веднаш излегле на терен. Повредената жена веднаш беше пренесена во болница, а сè уште не се знае степенот на повредите.