-->
-->
Сообраќајка кај Стажа- Повредени се две деца
-->
Три лица од кои две деца на возраст од 8 и 6 години се полесно повредени во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на патот од Стража кон Гостивар. Како што информиравме во текот на вчерашниот ден патничко комбе „Фолксваген Тигуан“ во белоруски регистерски ознаки излетало од патот во провалија.
Комбето било управувано од Б.С. (33) од Белорусија, а како сопатници биле две жени Б.И. (33) и Р.Л. (31), и две деца, осум годишно девојче и шест годишно момче.
По несреќата со возило на итна медицинска помош, Р.Л. и двете деца биле пренесени во гостиварската болница каде им се констатирани полесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени од болница.
На местото на настанот извршен е увид од страна на полицијата, а најверојатно причина за сообраќајката е неприлагодена брзина кон условите на патот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица