Македонија
29. October 2019 - 13:54

СОНК и МОН не постигнаа договор, преговорите продолжуваат

Министерството за образование и просветниот кадар не успеаја да се договорат околу процентот за зголемување на платите.

Најверојатно нова средба ќе има до крајот на неделата. Од СОНК очекуваат дека ќе успеат да се договорат,  во спротивно на 11 ноември одат на генерален штрајк.

Од министерството се надеваат дека штрајк нема да има затоа што се нуди опција која очекуваат дека ќе биде прифатена.

Минатата недела СОНК го одби предлогот на Владата за раст на платите во образованието од 10 отсто.

Сметаат дека процентот треба да биде повисок,  а зголемувањето наместо од април да се исплаќа од јануари.

Ирена Чачкова