Македонија
2. July 2018 - 12:23

Сончево време, температура до 36 степени, дожд на планините

 Сончево и топло време ќе има во текот на работната недела со температури до 36, појава на локален пороен дожд и грмежи се очекуваат на планинските делови. 

Опаѓање на температурата за неколку степени се очекува за викендот кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи и умерен до засилен северен ветер.

Утре максималната температура ќе се движи од 26 до 36 степени, во среда од 26 до 34, во четврток од 28 до 36, во петок од 27 до 36, во сабота од 25 до 33 и во недела од 24 до 32 степени.

Утринската ќе биде во интервал од 11 до 19 утре, во среда од девет до 18, во четврток од 11 до 19 степени, во петок од 10 до 19, во сабота од 11 до 18 степени и во недела од 10 до 17 степени.с