Сончево со променлива облачност и ветровито со пониски температури
Времето во земјава претпладне же биде сончево со променлива облачност, а попладне облачноста ќе се намалува. Од изутрина од север ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер со брзина над 60 км/час кој ќе биде најизразен долж Повардарието. Овој продор на студен воздух ветер ќе предизвика намалување на температурата, особено во северните делови и на истокот. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер кој на повисоко и кон исток повремено ќе има силен интензитет. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Утре поради продор на постудена воздушна маса ќе дува умерен, а долж поширокото Повардарие повремено силен северен ветер (над 60 км/час) што ќе предизвика во деновите од викендот намалување на температурата, особено во северните делови. Во деновите потоа ветерот ќе биде претежно југоисточен, а температурата тогаш ќе биде во пораст
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите