Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, на повеќе места со брзина над 60 кмилометри на час, а лон крајот на денот поради спуштање на постудена воздушна маса од север ќе започне да дува засилен, повремено силен северен ветер и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Температура ќе се движи во интервал од 15 до 42 степена, УВ-индексот ќе биде 9.
Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Во четврток ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени, ќе дува засилен северен ветер, а ќе има и услови за краткотраен локален дожд. Потоа, времето ќе биде претежно стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Ново на Сител
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп