Сомнежи за сексуално насилство врз жени на Новогодишната ноќ и во Шведска
Шведската полиција во југоисточниот град Калмар соопшти дека истражува најмалку осум обвиненија за сексуални напади врз 15 млади жени на возраст меѓу 16 и 20 година во текот на Новогодишната ноќ.
- Ние знаеме дека има уште млади жени, жртви на сексуално насилство и ги повикуваме да поднесат жалби, изјави потпаролот на шведската полиција.
Нападите бил извршени на ист начин како и во германскиот град Келн: група мажи ги опколувале жртвите и почнуваче со злоставување.
Настаните се случиле на плоштадот, каде била организирана новогодишната прослава, како и во еден од соседните ресторани.
Ниту една од жртвите не била физички повредена, но повеќето од нив имаат тешки психички последици.
Полицијата добила видео снимки и фотографии направени со мобилен телефон, како доказ за жалбите.
Потпаролот на шведската полиција изјави дека двајца мажи, на возраст од 33 и 30 години, се под истрага за сексулано насилство. Полицијата трага по останатите осомничени лица.
Ново на Сител
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела
-
Мицкоски: Без разлика дали ми се допаѓаат или не, нема да коментирам судски одлуки