Солари не мисли за оставка: Не дојдов за да се предадам
Реал изгуби се што можеше да изгуби оваа сезона за само шест дена, и тоа среде Мадрид. Со три порази на „Сантијаго Бернабеу“ за Купот, Примера и Лигата на шампиониte, клубот ги изгуби речиси сите шанси за трофеј до крајот на сезоната.
По неуспехот против Ајакс во Лигата на шампионите, многумина се запрашаа дали Сантијаго Солари е човекот кој треба да продолжи да ги води „белите“ со оглед на серијата порази.
Самиот Аргентинец тврди дека нема да се предаде до последно и не размислува за оставка.
– Не дојдов тука за да се предавам. Тоа не е во моите вредности и во вредностите на клубот. Не мислам за такви работи. Не е моја работа да си поставувам оценки, има луѓе за тоа, изјави Солари по натпреварот.
Тој потврди дека тимот се наоѓа во многу сложен момент, но токму сега тие треба да покажат карактер.
– Не сакам да зборувам лошо за другите момци во одбраната, не сакам и така да звучи. Но на нас многу ни недостигаше Серхио Рамос. Сепак, тој е капитен и лидер на овој тим. Но одлуките се одлуки и тренерот треба да ги земе. Бесмислено е да се коментира што би се случило, доколку ситуацијата беше поинаква, рече уште Солари.
Ново на Сител
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија
-
Азески: Господ на помош на тој што ќе донесе милијарда евра
-
Преглед на вестите од светот
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК