Балкан
8. July 2016 - 15:30

Сок црвен како крв излегува од билките околу споменикот на Јелена, мајката очајна

Зорица Крсмановиќ, мајка на убиената Јелена Марјановиќ, го посети споменикот на насипот Црвенка кој семејството го подигна во знак на сеќавање на пејачката.
 
Додека ја чистела тревата околу спомен плочата, на мајката на монструозно убиената пејачка внимание е привлекло цвеќето кое израснало околу споменикот како и багремот кој испуштал црвен сок.
Foto: Telegraf

-Ова го видов сега скоро, никој не ми веруваше кога му зборував. Не знам што е, но не можам да поверувам дека испушта сок црвен како крв, вели Зорица Крсмановиќ за Телеграф.рс., покажувајќи како од стеблото излегува црвен сок.

Foto: Telegraf

Неутешната мајка, по речиси 100 дена од убиството на Јелена Марјановиќ само чека да се најде убиецот на нејзината ќерка.

Foto: Telegraf