Сојузот на друштвата на литературните преведувачи бара запирање на постапката за Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик

Претседателството на Сојузот на друштвата на литературните преведувачи бара итно да запре постапката за Предлог-закон за употребата на македонскиот јазик затоа што смета дека ги игнорира најзначајните релевантни фaктори и институции во однос на македонскиот јазик, како МАНУ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, но и други соодветни и стручни асоцијации во земјата, и дека Предлогот е „едно видување на затворен круг луѓе што апсолутно не одговара на големата и одговорна задача што сами си ја поставиле“.
– Со овој Предлог-закон се одземаат ингеренциите на низа компетентни институции за македонскиот јазик, а од Владата и нејзините органи се формира центар на моќ кој решава за сите најважни прашања. Се предлага крајна политизација и централизација при одлучувањето во оваа вонредно значајна област за нашата култура. Овој Предлог-закон на повеќе места директно се повикува на т.н. Закон за јазиците за 20 проценти од македонската популација, чија легитимност и по процедурата на донесувањето и по содржината е доведена во прашање и од домашната и од меѓународната експертска јавност. Со самото повикување на овој нелегитимен закон се доведува во прашање и легитимноста на сегашниот Предлог-закон за употребата на македонскиот јазик, наведува во допис до медиумите Здравко Ќорвезироски од Претседателството на Сојузот на друштвата на литературните преведувачи.
Ново на Сител
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани проблемите, наскоро конкретни мерки
-

Ја нападнал поранешната партнерка, па и полицаецот што дошол да интервенира - приведен охриѓанец
-

Охриѓанец приведен за производство и дистрибуција на детска порнографија
-

190.000 евра месечно највисоката плата во Македонија – над 2,2 милиони евра годишно
-

Лазаров го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата
