Социо-еколошки форум Скопје: Прогресивни лидери за праведна и зелена трансформација на земјите од Западен Балкан

Во Скопје денеска ќе се одржи првиот Социо-еколошки форум, прв настан од ваков тип на Западниот Балкан, што ги обединува под еден покрив регионалните и европски прогресивни политички лидери, тинк-тенк и невладини организации, младински лидери и новинари, да дискутираат за чистата и зелена иднина, достапна за сите граѓани на земјите од Западниот Балкан.
Како што е најавено од Фондација „Фридрих-Еберт“, воведни обраќања на СЕФ-Скопје ќе имаат премиерите на Република Северна Македонија, Зоран Заев и на Косово, Албин Курти.
Предивдено е за време на работниот дел, да се обратат повеќе од 15 панелисти, претставници на прогресивни организации и социјалдемократски партии од регионот и Европа.
СЕФ Скопје има за цел да биде почетната точка на голем број разговори, кои ќе донесат до одлучни акции против климатските промени и климатски политики од кои ќе имаат бенефит сите граѓани на земјите од Западен Балкан, но и ќе помогне да се прошири Европскиот зелен договор на Европската Унија.
– Социо-еколошкиот форум го трасира патот до иднината кога сите земји од Западен Балкан ќе имаат енергетски ефикасни економии и работни места кои се отпорни на влијанија предизвикани од климатските промени и неодржливите извори на енергија. Социо-еколошка трансформација на овие општества, мора да осигура дека ниту еден граѓанин нема да биде изоставен, се наведува во соопштението од Фондацијата „Фридрих-Еберт“.
Социо-еколошкиот форум Скопје 2021 е во организација на Фондацијата „Фридрих-Еберт“, „Олоф Палме“ меѓународниот центар и Прогрес – Институтот за социјална демократија.
Ново на Сител
-

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје
-

Над 270 дечиња присустуваа на церемонијата на свечено менување на државното знаме во кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие нов Луна парк, почнува јавната набавка за проектирање и монтажа
-

МВР: Утре на полигонот „Криволак“ ќе се уништи голема количина на минско-експлозивни средства запленети пред 15 години
-

КИНСИВ почна истрага за падот на спортскиот авион во Мавровското Езеро
-

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола
-

Песков: Путин и Ердоган се согласија дека заплената на руски средства го загрозува меѓународниот финансиски систем
-

Трчањето во зима е корисно
