Македонија
4. February 2019 - 16:54

Социјална сторија од Битола

45-годишниот Златко и 35-годишната Дијана од Битола веќе неколку дена се гладни, немаат пари за јадење, ниту пак за хигиена. Освен социјалната помош од 1900 денари, друг извор на пари немаат. Дијана е со психичка попреченост, а Златко има скршено колено, но има и други здравствени проблеми. Двајцата се невработени. Златко порано работел како продавач, но сега вели дека повеќе не е способен за работа.

-Кде што оди ја враќаат од работа, ја испуштаат. Имам побарано работа, но дека со коленото, им треба човек во движење. А јас не можам без патериците да се движам. Требаше да се правам операција, но не можеа да ми стават анестезија бидејќи срцето не ево ред, притисокот не е во ред, не се нафаќаа докторите во Охрид, ме вратија оттаму, вели Злате Митревски.

Побарал семејна пензија, да ја наследи пензијата од мајка му која починала пред 3 години. Но бил оценет како работоспособен.

-Се водам како телесно инвалидно лице, ми рекоа дека сум работоспособен за во заштотно друштво да се вработиш. Но со коленото, сега никаде не може повеќе. Апелот е до институциите, ако може жената да се вработи, а за мене ако може некоја пензија да се бара, со коленото не ќе можам повеќе да работам, вели Злате.

Добивале помош од сите.

-Не можам цел живот, цел век да ме гледа некој, ако можат институциите да ни помогнат нешто. Еве два-три дена не сме леб јадени, нема да исчисти дома, нема машина да пушти за перење, нема ништо хигиена, вели Злате.

Велат дека социјалната помош не им стига, со неа ги купуваат лековите и само ја плаќаат струјата. Сите други сметки за 2018 година не им се платени.