Сочувани 60 милиони хектари тропски шуми во Бразил
Околу 60 милиони хектари тропски шуми што е колку и површината на Франција, се сочувани благодарение на бразилската програма за Заштитени зони на Амазонија.
– Со тоа е остварена зацртана цел, изјави министерот за животна средина Жозе Сарне Фиља. Таа површина е 15 отсто од бразилскиот дел од Амазонија.
Според Фиља, иницијативата е покрената во 2002 година и првичната цел била заштита на 40 милиони хектари бразилски амазонски прашуми, и во 2014 година е проширено на 60 милиони хектари.
Програмата Арпа е штит против можно отстапување од еколошка политика поради разни меѓународни средства, нагласуваат властите и поради тоа, не можат да ризикуваат губење на тие средства.
Бразил е под притисок да преземе одлучни мерки против сечење шуми бидејќи Амазон има клучна улога во зачувувањето на биодиверзитетот.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Епископ Делчевско-каменички Марко
-
Православните христијани денеска го празнуваат Божиќ
-
Честитки од политичарите за Божиќ
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Мицкоски: Добро е да има стабилна влада во Бугарија
-
Македонија меѓу 5-те најброзрастечки економии во Европа
-
Отровен Божиќ за скопјани - Прв загаден град во Европа, трет во светот
-
Божиќен ручек во Прилеп по 19-ти пат