Македонија
15. February 2016 - 14:03

Собранието расправа за Финансискиот план на МРТ за 2016 година

Собранието на Република Македонија денеска ја почна расправата по Предлог-одлуката за одобрување на Финансискиот план на  Македонската радио телевизија за 2016 година.

Во расправата Снежана Клинчарова од Програмскиот совет на МРТ истакна дека Македонската радио телевизија е столб на македонската држава и општество. Таа посочи дека со средствата за годинава се предвидуваат повеќе програмски активности за збогатување на програмата. 

Според Томислав Тунтев од СДСМ, Македонската радио телевизија треба да биде објективен и непристрасен јавен радиодифузен сервис за што граѓаните плаќаат радиодифузна такса. - Нема информации за објективно, непристрасно и независно информирање на граѓаните, рече Тунтев.

На барање на координаторот на пратеничката група на ДУИ Талат Џафери дадена е пауза од половина час со цел да се обезбедат стенограмските белешки од говорниците.

Претходно, во рамки на 93. седница пратениците ги донесоа измените на Законот за процена по скратена постапка.