Собранието не го прифати предлогот на Владата за носење на законот за амнестија по скратена постапка
Предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе законот за амнестија не доби поддршка од Собранието кое денеска одлучуваше за потребата од негово носење во тек на утврдување на дневниот ред на 129 седница. „Против“ гласаа 66 пратеници, „за“ 17, а тројца „воздржани“.
-Казната е нешто што се извршило, а амнестијата е нешто што ќе овозможи социјализација и ќе се овозможи социјален ефект. Основа цел е аларматната состојба во затворите, а препораки и констатации се дадени од многу релевантни институции, рече во образложението министерот за правда Кренар Лога, кој е предлагач на законот.
Пред почетокот на седницата Лога им подели на пратениците фотографии од состојбата во затворите. Претходно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира носењето на законот со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и СДСМ со цел да изземат од амнестирање осудените од предметот „Монструм“.
Ново на Сител
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол
-
До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето
-
Кавадарчанка физички нападнала своја сограѓанка на фудбалско игралиште
-
3-годишно дете изело гумена бонбона при што почнало да се гуши и изгубило свест