Собранието ќе ја продолжи 117. седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 117. седница.
На дневен ред е Предлогот на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва.
Пратениците ќе расправаат и за Предлог-измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, како и за измените на Законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост, измените на Законот за железничкиот систем и измените на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост.
Во рамки на оваа седница се и Предлог-измените на Законот за претстанување на важење на законот за определување на услови за ограничување за вршење на јавна функција и на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, двата поднесени од пратеници од опозицијата.
Ново на Сител
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пуцко Петрол со најголем пораст на приходот во време на СДС и ДУИ
-
Уставен се подготвува за седницата за Законот за јазиците, ДУИ предупредува за политичка криза
-
И да се зголеми минималната плата во Македонија, пак ќе биде најниска во регионот
-
Нелојална конкуренција се жалат медарите
-
Преглед на вестите од светот
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје