Собранието ќе ја одржи 22. седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја започне 22. седница, на чиј дневен ред се Предлог одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите, Дополнетиот предлог на Буџет на Република Северна Македонија за 2025 година, како и Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година, по скратена постапка.
На предложениот дневен ред се и одлуката за објавување јавен оглас за избор на директор и заменик-директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, предлог одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, предлог одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, предлог одлуката за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на РСМ за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави.
Како што соопштуваат од собраниската прес-служба, на оваа седница се и предлог одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), како и Предлог одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици-членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.
На дневен ред се и Предлогот за изборот на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, како и измените и дополнувата на Законот за заштита на децата во прво читање.
По скратена постапка на оваа седница се предложени измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, измените и дополнувањата на Законот за шумите, како и измените и дополнувањата на Законот за градење.
Ново на Сител
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори
-
Целосно се исплатени субвенциите за земјоделците
-
600 семејства се на работ на сиромаштијата
-
Преглед на вестите од светот