Собранието ќе ја одржи 12-тата седница
Собранието денеска ќе ја одржи 12-тата седница на која се неколку предлог-закони во прво читање од областа на здравството и Предлог-законот за изменување на Законот за здравствената заштита, во второ читање.
На дневниот ред во прво читање се предлозите за изменување на законите за заштита од јонизирачко зрачење и радијациска сигурност, за биомедицинско потпомогнато оплодување, за прекинување на бременоста, за евиденциите во областа на здравството, за забрана на развивање, производство, складирање и употреба на хемиски оружја, предлози за изменување на законите за безбедност во снабдувањето со крв, за ментално здравје, за континуирано стручно усовршување на докторите на медицина и Предлог-закон за изменување на Законот за доброволно здравствено осигурување.
На денешната собраниска седница на дневен ред, меѓу другите точки, се и неколку предлог-закони по скратена постапка: за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за изменување на Законот за културата, за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, за изменување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, за изменување на Законот за дивечот и ловството, за изменување и дополнување на Законот за спортот...
Исто така и предлог-законите во прво читање - за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата и Предлог-закон за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата.
Пред пратениците ќе биде и Предлог-одлуката за основање Комисија на Собранието на Република Северна Македонија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници.
Ново на Сител
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците
-
Силјановска: Реален и рационален е оптимизмот за одблокирање на европската интеграција
-
Антикорупциска: Незаконско е назначувањето членови за УО на Академијата за судии и обвинители
-
ДКСК: Екс-министерката за култура на службено патување трошела буџетски пари за приватни цели