Собранието ја почна постапката за нов јавен обвинител

Пратениците во Собранието денеска во рамки на 131. седница ја почнаа постапката за именување на нов јавен обвинител, а пратениците едногласно го изгласаа и предлогот Марија Јаническа да биде нов директор на Оперативно техничката агенција (ОТА).
Собранието денеска имаше закажано продолженија на 11 седници, а три ќе продолжат по паузата во 15 часот.
Во претпладневниот дел беа изгласани неколку предлог закони за изменување и дополнување, како и извештаи за работата на неколку институции.
Пратениците едногласно ги донесоа измените на Законот за прекршоците, потоа законите за железнички системи, за дополнување на јавни патишта и законот за дополнување на законот за минерални суровини.
Беа прифатени и извештаи на неколку институции: Народниот правобранител, Комсијата за хартии од вредност, Агенцијата за цивилно воздухоплоство.
Македонските пратеници донесоа одлука и именување на претседател и членови за Комисијата за државната награда „Свети Климент Охридски“. Воедно беа повлечени и неколку предлог Закони.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Симов, претседател на ИКТ комората
-

Пожарот стигна до куќите во Куклиш
-

Тутунарите бараат осигурување со договорот
-

Нема труење во Тетово - цревните инфекции доминираат во педијатриските оддели
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
