Собранието го донесе законот за ратификација на Договорот од Париз
Собранието на Република Македонија во попладневното продолжение на 12-тата седница денеска ги усвои предлог законите за ратификација на Договорот од Париз и Спогодбата за соработка помеѓу Владата на Македонија и Советот на министрите на Босна и Херцеговина во процесот на пристапување во Европската Унија.
Претседателот на Собранието Талат Џафери, по гласањето ја прекина седницата и најави дека Собранието ќе продолжи со работа утре во 11.00 часот.
Џафери, претходно јавно им се заблагодари на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА за овозможувањето на работата и донесувањето на одлуките.
Двата предлог закони ги образложи министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Во образложението на предлогот за ратификација на Договорт од Париз, Димитров рече дека се работи за прв универзален и правно обврзувачки договор посветен на глобалните напори за намалување на климатските промени.
- Договорот од Париз е усвоен на 21. седница на страните на рамковната конвенција на ОН за климатски промени. Беше отворен за потпишување на 22 април 2016 година, кога Република Македонија го потпиша. Заклучно со јули годинава 151 држава од вкупно 197 го имаат ратификувано, рече Димитров.
Димитров, во образложението на договорот со БиХ рече дека тој се темели во основа на стратешкиот интерес на двете пријателски држави за членство во ЕУ.
- Сподгодбата се потпиша на 20 април годинава. Во основа договараме сорабоитка во сферите на политички дијалог, економска и трговска соработка, движење на труд и капитал, формирање и давање на услуги, усогласување на законодавството со правото на ЕУ, соработка во правосудството и внатрешните работи, како и соработка во други полиња, изјави Димитров.
Ново на Сител
-
Авион на „Ер Индија“ принудно слета на островот Пукет во Тајланд по закана за поставена бомба
-
Ново поглавје за Флекс Кредит – пристигнавме и во Црна Гора!
-
Шефот на НАТО повикува на деескалација по израелскиот напад врз Иран
-
Франција повика на воздржаност по израелските напади врз Иран
-
Кремљ ја осуди острата ескалација на тензиите меѓу Израел и Иран
-
Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ
-
Јорданската армија пресретна дронови и ракети во својот воздушен простор
-
Приведен возач од дебарско, возел со 2,69 промили алкохол во крвта