Соботка: Веднаш ќе дејствуваме ако се повтори 2015 година

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Волфганг Соботка изјави дека состојбата со бранот мигранти од Италија во моментот е стабилна, додавајќи дека ако се повтори 2015 година тогаш „веднаш ќе се дејствува“.
Меѓу Рим и Виена се зголемија дипломатските тензии откако австрискиот министер за одбрана Ханс Петер Доскоцил најави распоредување на армијата кон границата со Италија на преминот Бренер, како и дека може да уследи воведување на контрола на медиумите.
По изјавата на Доскоцил, Министерството за надворешнио работи на Италија го повика австрискиот амбасадор Рене Полицер на разговор.
Воведувањето на контрола на Бренер би имало тешки екононски последици за италијанската економија.
Соботка во интервју за виенскиот дневен весник „Естерајх“ изјави дека Министерството веќе три недели применува превентивни мерки.
- Австриската железница ОББ ќе воспостави посебен перон на езерото Бренер, со цел да можеме да ги контролираме возовите. Го замолив министерот за финансии за сто царинарници, а и армијата може да ја обезбеди границата со 750 војници. Сето тоа треба да и сигнализира на Италија дека на Бренер не смее да се повтори мигрантите неконтролирано да преминуваат или Италија да не ги регистрира, посочи Соботка.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
