Собири на поддржувачите на ГДОМ во повеќе градови во Македонија
Порака за поскоро завршување на политичката криза и одржување избори на 5 јуни упатија вечерва поддржувачите на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) на собирите, што се одржаа во повеќе градови во државата.
Собирот во Штип почна пред Центарот за култура „Ацо Шопов“, а учесниците посочија дека излез од наметната политичка криза е одржувањето избори, на кои, како што истакнаа, народот ќе каже кому му ја доверува власта во Република Македонија.
ГДОМ одржа собир и во Битола, кој почна пред Офицерскиот дом, а заврши на плоштадот „Магнолија“, на кој насобраните порачаа дека не попуштаат во нивните намери енергично да се спротивстават на внатрешните и надворешните непријатели на Република Македонија.
- Нивната цел е рушење на Република Македонија, остварување на интересите на големите сили и на политиките за глобализам кои сакаат некои мали држави да ги претворат во колонии на меѓунационалните корпорации во светот, истакна Владо Драмбевски, активист на ГДОМ од Битола.
Според подржувачите на ГДОМ во Виница, излез од политичката криза се веќе закажаните избори.
Ново на Сител
-
Разрешувањата во Судски совет ќе чекаат законски измени
-
Младите во Британија не знаат да променат сијалица, во Македонија велат тоа го прават без проблем
-
Руте: Време е за војна – вака треба да размислуваме
-
Преглед на вестите на светот
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа