Loading Video...
Македонија
10. October 2019 - 23:22

Со заеднички напори до прекфаликација на кадри

Стопанството заедно со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување треба да вложат заеднички сили особено во делот на преквалификацијата затоа што тоа моментално е најпотребно за проблемот со недостиг на кадри, потенцираат од Регионалната стопанска комора во Битола.

- Треба да се вложи затоа што на стопанството му се потребни соодветни кадри. Овие што ги имаме не се доволни за развој и поддршка на стопанството, се судруваме со проблемот каде има недостиг од квалификациони стручни лица инженери, заедно со образование да се вклучиме каде што заеднички програмите мора да ги усогласиме и сите да имаат корист, изјави Мирко Велковски, претседател на РСК Битола 

А токму во пелагонискиот регион има висок процент на реализација на активните мерки за вработување.

-Голем интерес оваа година и во овој регион покажа самовработувањето, практиканството, обуките, доквалификациите, преквалификациите каде работниците се стекнуваа со дополнителни вештини, изјави Билјана Јовановска, директор на агенцијата Билјана Јовановска, директор на Агенцијата за вработување

Министерката Царовска истакна дека и минатата година на ист поринцип, регионално гио планираа потребите на бизнис секторот.

-Таа пракса се покажа добра, оваа година продолживме на ист принцип, но уште подетализирани и директни насоки на бизнис секторот, за ние како влада да ги прифатиме, а агенцијата да ги имплементира обуките кои им се потребни, изјави Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

-На една отворена дискусија да извлечиме заклучоци, каде се движиме, што е еона што го правиме и каде можеме да имаме подобрување, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Битола. 

Инаку во пелагонискиот регион имаше голем интерес за активните мерки како од страна на правните субјекти, така и кај невработените лица.