Со воведување нова давачка при вадење кеш од банка ќе се намали сивата економија
Да се воведе давачка од 0,5% при вадење кеш од банка. На тој начин ќе се демотивираат граѓаните да користат готовина, со што ќе се намали сивата економија.Ова е еден од предлозите на даночните експерти, кои сметаат дека корупцијата се прави со кеш пари, a држава губи милиони по основ даночно затајување, Според предлогот, при подигање готивина од 10,000 денари, процентот за државата би бил 50 денари, но на милион денари, ќе треба да се плата 5,000 денари.
- Главна доминанатна улога на сивата економија е готовината, таа треба да се истисне. Затоа треба да се воведе нова давачка од 0,5% прои вадење кеш. Овие пари нема да одат за банкате, туку ќе бидат за државата. Ако скаат со кеш во џебот да се заминете од банка, ќе мора да платите. изјави Павле Гацов, даночен експерт.
Согласно Преспанскиот договор, кога ќе се отвори поглавјето по ова прашање за влез во Унијата, ќе мора да се заменат и парите со Северна во следните 5 години. Кога би се случила целосната замена, се уште е рано да се каже, затоа што поглавјето за економсиа и монетарна политика се уште не е отворено, велат од Народната банка. Гацов порачува – при печатењето на новите пари истите да се номинираат, за да се знае од каде потекнуваат
– Ова е идеален момент. Кога ќе се носат во банка за да се заменат, истите да се номинираат, кој ги донел, од каде му се, да се провери имотот, даночните приливи, за да се знае како му се стекнати и дали се лагални, додав Гацов.
Според проценките, околу 30% од БДП отпаѓаат на сива економија. Во бројки тоа би значело дека 4,3 милијарди евра се црни пари. Ако се легализираат, државата годишно, по основ на даночни приходи би имала дополнителни 795 милиони евра. Со овие пари воопшто ќе немаа потреба да се задолжува. Иако ветувањето на секоја власт е дека ќе се справи, ниту една не презела серизони мерки за формализирање на даночното затајување.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар