-->
-->
Со три трофеи во ЛШ поднесе оставка!
-->
И тоа е дел од спортот, посебно фудбалот, Зинедин Зидан кој за неполни три години освои 6 трофеи со Реал Мадрид поднесе оставка на функцијата.
Ваквата одлука Французинот ја донел како што објави по состанокот со претседателот Флорентино Перез.
„Тимот мора да продолжи да победува, неопходна е промена, поинаков начин на работа. ја донесов оваа одлука бидејќи го сакам Реал и претседателот Перез кон кого чувствувам благодарност“, рекол Зидан.
Одлуката ја објавија Зидан и Перез на вонредна прес конференција.
„Ова е неочекувана одлука за сите нас. Денешниот ден е тажен за сите Мадридисти. Сакав Зидан засекогаш да остане тука. Реал секогаш ќе биде негова куќа. Благодарен сум му за се што направи за клубот“, рекол Перез.
Зидан стана тренер на Реал во јануари 2016 година и за две и пол години успеа да освои една домашна, две светски и три титули во Лигата на шампионите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гужви во дежурниот педијатриски пункт во Бит пазар
-
Пожар во фабрика во Гостивар
-
Максимални затворски казни за превенција од родово базирано насилство
-
Дел од хотелите и рестораните под клуч
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба
-
Муцунски бара дијалог и взаемна почит - Георгиев внесување на бугарите во Уставот за отворање поглавја
-
Во Минхен средба Муцински-Георгиев – Мицкоски ќе се обрати на конференцијата утре