Свет
8. March 2018 - 13:41

Со протести и штрајкови светот укажува на нееднаквоста меѓу мажите и жените

Меѓународниот Ден на жената се одбележува во знак на сеќавање на демонстрациите на американските работнички во Чикаго во 1909 година и маршот на повеќе од 15 илјади жена во Њујорк кои бараа право на глас, повисоки плати и покусо работно време.

Поради тоа, ширум светот денеска се одржуваат бројни манифестации и протести со кои се укажува дека се уште, после повеќе од 100 години, жените и мажите не се рамноправни.

Францускиот дневен весник „Либерасион“ одлучи за Денот на жената да ја нагласи разликата во платите меѓу мажите и жените и поради тоа, своето денешно издание на мажите им го наплатува 25 отсто поскапо.

Весникот денеска објави две, одделни изданија за двата пола: она со пиктограм за мажи чини 2,5 евра, а со пиктограм за жени е две евра, колку што е и вообичаената цена на весникот.

Либерасион

Во Франција веќе 45 години има закон за „иста плата за работа со иста вредност“, но тој не се спроведува во целост.

Околу 300 возови денеска нема да сообраќаат во Шпанија поради најавениот штрајк, со кој вработените укажуваат на проблемот со нееднаквоста меѓу половите по повод Осми Март.

Штрајкот ќе трае 24 часа, а на протест повикаа десет синдикати, јави Би-Би-Си. Феминистичките групи ги повикаа жените денеска да не трошат пари и да не ги извршуваат вообичаените „женски“ работи во своите домови. Владејачката десно-ориентирана „Народна партија“ оцени дека протестот е „за феминистичката елита, а не за вистинските жени со секојдневни проблеми“.

Во Шпанија, жените се платени за 13 отсто во јавниот и 19 отсто во приватниот сектор помалку од нивните машки колеги, покажуваат податоците на Евростат.

Жени протест

Група жени во Мексико изложи „ковчег“ кој го симболизира страдањето на жените-жртви на насилство во таа земја.

Во Лондон е изложена инсталација на розов авион „Лет и борба“, кој ги портретира жртвите од сексуално насилство. - Мојата прва реакција беше лет - како бегство од хоророт кој го искусив. Но наскоро посакав да го возвратам ударот и да се борам за промени, изјави уметницата Елиса Јанаконе.

Во Кина, студенти од пристижниот Универзитет Цингуа, Меѓународниот ден на жената го одбележуваат со транспаренти со потсмешлива содржина на тема предложениот уставен амандман за отфрлање на ограничувањата на мандатите на претседателот на државата. На еден транспарент пишуваше „мандантот на нечие момче не би требало да биде ограничен“.

Стотици активистки во розови маици протестираа на Филипни против претседателот Родриго Дутерте, за кого тврдат дека е меѓу најлошите прекршители на правата на жените во Азија.

Филипини протест

 

Во исто време, во Авганистан денеска стотици жени се собраа во Кабул одбележувјаќи го Меѓународнито ден на жените, но и да ги потсетат своите лидери дека претстои многу работа: Авганистанките да добијат право на глас, да им се обезбеди образование и да се заштитат од се поголемото насилство.

И во Индија стотици жени маршираа во Њу Делхи поради насилствата во државата, сексуалните напади и дискриминација кога станува збор за вработување и висина на платата. 

Азија МИту

Собир во знак за одбрана на права на работничките закажан е и во Сеул, каде голем број Јужнокорејки дадоа поддршка на Движењето #MeToo.  Голем дел од нив беа облечени во црно, барајќи сексуалните напаѓачи да бидат изведени пред суд, а побараа и да се преземат мерки за прашања како што се разликите во плати меѓу жените и мажите. 

Во Аргентина, Меѓународниот ден на жената е искористен за да се протестира против нацрт-законот за укинување на забраната на абортус во Аргентина. Во таа земја, секоја година умираат околу 100 жени поради компликации по илегален прекин на бременост.

Слични протести планирани се денеска и во Азија на Блискиот Исток, Европа и на американскиот Континент