Македонија
28. April 2018 - 17:46
Со показни вежби во 3 града МВР ќе го одбележи денот на полицијата
Преку показни вежби на сите единици и презентирање на опремата со која располага, Министерството за внатрешни работи ќе го одбележи 7 мај, Денот на полицијата. Одбележувањето ќе трае четири дена, а показни вежби освен во Скопје, ќе има и во Охрид и Штип.
Од МВР ги известуваат граѓаните на Штип и Охрид дека во наредните денови, како дел од подготовката за овие настани ќе бидат употребени и техничко-тактички средства и опрема, поради што може да се слушаат и силни детонации.
-
Бранислав Јаневски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->