-->
-->
Со овој трик обуквите ќе ви бидат како нови
-->

Виновникот е индустриската сол која се растура по улиците да го стопи ледот. Иако ни го олесува движењето во овие студени денови, солта ги уништува обувките. За среќа, постои едноставен и ефтин трик за одржување на обуквите со кој можете да го избегнете ова.
Дамките од индустриската сол не се само естетски проблем. Солта ја нагризува кожата поради што таа со тек на време ќе избледи а белите дамки можат трајно да се задржат на обувките особено доколку носите црни или кафеави чизми.
Сепак, доколку во кујната имате алкохолен оцет,не мора да се грижите. Оваа намирница најдобро ја отстранува солта од чевлите и чизмите и е поделотворна од кремите и спрејовите за одржување на обувките.
Оцетот ќе ја раствори солта и потполно ќе ја отстрани, што не е случај со другите средства за одржување на обувките. Сепак, за оцетот да не предизвика оштетување не го нанесувајте директно на обувките.
Што треба да направите?
Прво оцетот измешајте го во ладна вода,потоа со памучна крпа полека исчистете ги дамките на чевлите. Оцетот ќе ја разгради солта и ќе ги отстрани дамките а вашите обувки нема да се оштетат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
-
МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица
-
Во Белград целосно е запрен јавниот градски превоз
-
Германски претседател: Социјалните мрежи ја уништуваат критичката мисла
-
Почина мотоциклистот по вчерашната несреќа во Ѓорче Петров
-
21-годишник лишен од слобода поради управување возило под дејство на алкохол
-
Почетокот на ГН на Австралија може да биде одложен поради закана од силен дожд
-
Омерагиќ: Во ФФМ затекнав состојба покомплицирана од очекуваното