Македонија
15. March 2025 - 11:29

21-годишник лишен од слобода поради управување возило под дејство на алкохол

Полициски службеници денеска во 01.55 часот на магистаралниот пат Штип - Кочани, кај село Долни Балван, општина Карбинци, го лишиле од слобода И.Д. (21) од Пробиштип, поради управување возило под дејство на алкохол.

-При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“, се вели во соопштението од МВР.