Loading Video...
Спорт плус
8. September 2021 - 17:32

Со нов пораз македонските одбојкари го завршија настапот на Европското првенство

Со нов пораз машката македонска одбојкарска репрезентација го заврши својето второ учество на Европскиот шампионат
 
Македонските одбојкари се порезени од селекцијата на Русија со 3-0 во натпреварот од последното петто коло во Ц групата чии средби се одигруваа во финскиот град Тампере. 
 
Русите ја потврдија својата фаворитска улога во денешниолт меч, во кој на нашите одбојкари им препуштија 15 поени во првиот, 13 во вториот и 15 поени во третиот сет. 
 
Иако амбициите и најавите пред првенството, беа дека ќе атакуваат на пласман во осминафиналната рунда, сепак нашите одбојкари беа далеку од тоа. Со пет порази, без освоен бод и со само 2 добиени гема тие на крајот завршија како последни шети во својата група, зад Шпанија, Финска, Русија, Турција и Холандија.