Со лажни фактури увезени и регистрирани четири автобуси
Кочанчаните Б.П.(49), М.Ц (54). и Д.А.(28) во октомври минатата година направиле лажни фактури и ги употребиле во постапка за увоз, идентификација (хомологација) и регистрација на четири автобуси произведени во 2002 година. Против нив СВР Штип поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.
Поднесена е кривична пријава и против Б.Е. (40) од Скопје кој е осомничен за кривично дело „несовесно работење во службата“, а кој, како управител на техничката служба за хомологација „АМ Церт“ ДООЕЛ Скопје, на 26 ноември лани на М.Ц. и Д.А. им издал четири согласности за регистрација на наведените возила.
Како што информира МВР во редовниот Билтен, на 9 ноември лани по завршување на постапката за хомологација, првопријавениот, во име на второ и третопријавениот склучил купопродажен договор со Д.П. од Штип, за продажба на автобусите. Претходно обезбедената документација, првопријавениот му ја предал на Д.П., којшто потоа, без да знае за вистиноста на фактурите, документација и автобусите ги предал на правното лице „Евро Транс“ ДООЕЛ Штип. Автобусите биле регистрирани на 16 февруари годинава.
Ново на Сител
-
Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмесечно бебе
-
Муцунски разговараше со израелскиот амбасадор
-
Српскиот патријарх во Македонија за Свети Сава
-
9 лица, меѓу кои и малолетник, приведени во Куманово, нелегално продавале тутун на Градскиот пазар
-
Маж се фрли од зграда во Аеродром | ФОТО
-
Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО, судењето одложено за 3 февруари
-
Приведен криминалец кој бил осуден на затворска казна од 11 години
-
Челси го комплетираше најскапиот трансфер во женскиот фудбал