„Си замислив дека тоа е мојата сопствена ќерка. Таа има само две години, но е иста висина. Кога видов што се случува, се уверив дека тоа е таа и инстинктивно реагирав. Кога го повлеков кучето од детето, видов дека ги зарил забите во неговиот врат“, рече Патрик и истакна дека себеси не се смета за јунак. Кога кучето него го нападнало откако го зграпчил детето, и самиот Патрик се качил на покривот од автомобилот за да се спаси.
Патрик и Жоао морале да чекаат половина час на покривот од возилото пред да стигне помошта. Дадилката на детето изјавила дека кучето наеднаш се појавило и го нападнало детето.
Двајцата се здобиле со полесни телесни повреди, а детето било гризнато и за вратот. Бидејќи кучето не било чипирано, не се знае кој е сопственик. Кучето моментално се наоѓа на набљудување кај локален ветеринар, пренесува Дејли Мејл.