Loading Video...
Фудбал
26. November 2022 - 18:58

Со два гола Мбапе ја одведе Франција во осминафиналето

Во вториот натпревар од оваа група Франција со двата гола на Мбапе ја победи Данска со 2:1
 
„Триколорите“ постојано атакуваа кон данскиот гол, за конечно Мбапе во 61-минута да го постигне својот прв гол и да и донесе предност на Франција до 1:0. 
 
Но. Радоста на Французите не траеше долго. По корнерот во 68-минута, на вистоинското место во францускиот шеснаесетник се најде фудбалерот на Берселона, Андреас Кристијансен кој го израмни резултатот на 1:1. 
 
Во 86-минута напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе повторно се запиша во листата на стрелците за водство и победа на Французите со 2:1. 
 
Со оваа победа и трите освоени бодови „триколорите“ се првите кои по два одиграни натпревари обезбедија пласман во осминафиналето. 
 
Табела водечка е Франција со 6 бодови, пред Австралија која има 3, додека Данска и Тунус останаа на по 1 бод. 
 
Во последното коло закажано за 30 ноемрви, Австралија ќе игра против Данска, а Франција против Тунис.