Со домашен лек исчистете ги вашите бели дробови
Сеедно дали сте пушач или пак често седите во задимена просторија, со помош на овој лек ќе ги исчистите вашите бели дробови и ќе си го подобрите вашето здравје.
Димот од цигарите може да ви го наруши вашето здравје, а посебно здравјето на вашите бели дробови.
Поради тоа ви го приложуваме рецептот за домашен лек кој ефикасно ги чисти вашите бели дробови и ви го подобрува здравјето.
Потребно ви е:
400гр. лук, исчистете го и исечете го на четвртини
парче ѓумбир
400гр. кафеав шеќер
2 лажички куркума
1л. вода
Водата ставете ја во сад, додадете го шеќерот и загрејте. Кога ќе почне да врие, додадете го изренданиот ѓумбир, лукот и куркумата и гответе додека смесата не проврие.
Тргнете го садот од оган и оставите го да се олади на собна температура. Лековитата смеса би требало да се чува во фрижидер.
Земајте 2 лажици од оваа мешавина секое утро на празен стомак и уште 2 навечер, после последниот оброк.
Пред употреба на природните лекови консултирајте се со лекар.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите
-
Можни прекини во водоснабдувањето во Општина Чаир и Железара поради прекин на електрична енергија