Свет
6. October 2015 - 8:54

Сноуден: Специјалните служби на Велика Британија можат да упаднат во смартфоните и да ги користат како средство за следење

Поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА) Едвард Сноуден изјави дека британската разузнавачка служба Центар за владини комуникации може да упадне во смартфоните без знаење на нивните сопственици и да ги користи апаратите како средства за следење, јави ТАСС.

Сноуден во интервју за Би-Би-Си истакна дека Центарот може да добие пристап до одреден телефон, со тоа што до него ќе испрати кодирано соопштение и да го користи за прислушување и снимање. 

Според него Центарот и НСА инвестирале значителна сума пари во технологии, кои овозможуваат да се упадне во смартфоните и да се управува со нивното вклучување и исклучување, да се одреди локацијата на оној кој го користи телефонот, да се прислушува се што се случува наоколу, дури и кога телефонот е исклучен. 

- Откако ќе добијат пристап до телефон тие можат да видат на кого се обраќа одреденото лице, што пишува во текстуалните пораки, што бара на Интернет, какви места посетува, изјави Сноуден. 

Тој го означи британскиот Центар за владини комуникации како огранок на НСА, кој доставува технологии, извршува задачи и раководи со операции. Според него главни цели се следење на лица осомничени за тероризам и други криминални дела.