Свет
2. October 2018 - 15:22

Снимка од страшна сообаќајна несреќа: Порше претекнуваше и удри во Шкода во која било цело семејство

Во близина на местото Долни Кубин во Словачка, се случи тешка сообраќајка. Во овој несреќа која се случи во неделата дивееле три „бесни“ автомобили со полски регистарски таблички, а жртва е недолжен возач.

Снимката од овој тежок инцидент беше објавена на Фејсбук страницата на словачката полиција. Тоа видео целосно ја разбесни јавноста.

На снимката може да се види трка меѓу трите луксузни автомобили, а се претекнуваат и покрај полната линија, а во еден момент од спротивната насока се појавува автомобил Шкода Фабиа.

Отворена е детална изградба за инцидентот, соопштија од словачката полиција, по што биле уапсени 27 годишниот возач на Ферари автомобилот и 26 годишниот возач на Мерцедесот, додека пак за возачот на Поршето се уште се трага.

Возачот на првиот автомобил – Мерцедес веќе го претекна белиот автомобил, а веднаш зад него продолжија да претекнуваат и Ферарито и Поршето. Сепак, во еден момент од спротивната насока налета Шкодата, па следуваше страотен судир во кој што загина возачот на Шкодата кој што во автомобилот бил со своето семејство.