Смртоносна песочна бура го зафати Блискиот Исток
Силна песочна бура, невообичаена за овој дел од годината, неделава го зафати Блискиот Исток, прекривајќи ги со прашина Бејрут и Дамаск и убивајќи најмалку две лица во Либан.
Поради невремето прекинати се воздушните напади во соседна Сирија, каде петмина лица наводно загинале поради лошото невреме.
Населението од регионот објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат големи облаци прашина. Смртоносната бура е со такви размери што може да се види од вселената, наведува „Раша тудеј“.
НАСА објави фотографии од бурата што предизвика проблеми со дишењето и намалување на видливоста во делови на Либан, Сирија, Кипар, Израел и Ирак, поради што се затворени и училиштата.
Либанското министерство за здравство изјави дека 750 лица се хоспитализирани поради проблеми со дишењето и побара локланото население да излегува надвор само со заштитни маски.
Сириската државна агенција САНА објави дека три лица во централната провинција Хама загинале во песочна бура, како и дека над 3.580 лица побарале здравствена помош во неколку болници.
Ново на Сител
-
Зеленски му рекол на Трамп во Париз дека бара безбедносни гаранции за да се стави крај на војната
-
Груби и Беџети на црната листа на САД, судството и политичарите бараат истрага и решавање на случајот
-
Трамп вели дека решавањето на украинската криза е негов главен приоритет
-
На Попова Шапка измерени -4 степени, во Велес 7, најмногу наврнат дожд во Маврови Анови и Претор
-
Седма пленарна конференција на Национална конвенција за ЕУ во Република Северна Македонија
-
Новиот премиер Мохамед ал Башир им вети на Сиријците стабилност и спокојство
-
Русија: Го префрливме Асад на најбезбеден начин
-
Уставен суд ќе ја почнe расправата за Законот за јазиците