Сменети имињата на 40 аеродроми во Русија
Рускиот претседател Владимир Пуитин донесе декрет со кој се предвидува промена на имињата на десетици аеродроми во земјата, од Владивосток на исток до Мурманск на запад, Околу 40 аеродроми добиваат имиња на руските цареви, писатели и пионери на авијацијата и истражувачи на универзумот, јави Дојче веле.
Путин го донесе декретот врз основа на резултатите од онлајн анкета спроведена меѓу жителите, во која им беше овозможено да предлагаат нови имиња за аеродромите.
Така, аеродромот „Шереметјево“ во Москва ќе се преименува во „Александар Пушкин“.
Вториот голем московски аеродром „Домодедово“ ќе се вика „Михаил Ломоносов московски меѓународен аеродром“, додека воздушното пристаниште „Внуково“ ќе се преименува во „Андреј Тупољев московски меѓународен аеродром“.
Аеродромот во Мурманск ќе се вика „Николај Втори меѓународен аеродром во Мурманс“, наместо „Аеродром Мурмаши“, по името на селото во близина.
Ново на Сител
-
Реформа на администрацијата
-
Средба Сиљановска – Филипче
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ
-
37 години чекала бебе – скопјанка за прв пат роди на 61 и е највозрасната прворотка во Македонија
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит