Случајот на Цетински прогласен за таен: Полицијата ги крие деталите од сообраќајката во која хрватскиот пејач прегази човек
Пулското државно обвинителство, како и полицијата, не сакале да дадат никакви информации за сообраќајната несреќа во која познатиот музичар Тони Цетински го прегази 62. годишниот Ибрахим Кевлјанин.
И’ понатаму останува тајна дали мажот во моментот на наидувањето на возилото веќе лежел на улицата или пак Цетински го соборил со својот „Мерцедес“.
Портпаролот на полицијата на медиумите уште во саботата им најавил дека повеќе детали ќе соопштат во понеделник после обдукцијата.
„Телото на починатиот е превезено на Одделението за патологија на Општата болница во Пула каде по налог на државното обвинителство ќе биде извршена обдукција за да се утврдат причините за смртта“ соопштила портпаролката на истарската полиција, Наташа Витасовиќ, во саботата.
Таа додала и дека токму обдукцијата ќе утврди дали загинатиот маж починал од последици од сообраќајната несреќа или порано лежел на патот.
Во хрватските медиуми вчера беше искажано незадоволство поради таинственоста на полицијата, особено што тие самите кажале дека обдукцијата е завршена но дека резултатите се тајни.
„Во светот кога во сличен случај е поврзно познато лице сите наоди и се предочуваат на јавноста со цел да нема забошотувања и јавноста да не добие впечаток дека познатите лица се заштитени“ рекол еден соговорник за РТЛ.
Ново на Сител
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот