Словенија прв тест за подготвеноста на македонските фудбалери пред настапот на ЕП
Македонската фудбалска репрезентација денес од 18 часот на Националната арена „Тодор Проески“ ќе одигра пријателски натпревар со словенечката селекција.
Ова ќе биде прва проверка за подготвеноста на избраниците на селекторот Игор Ангеловски пред настапот на Европското првенство.
И фудбалерите и селекторот најавија игра без калкулации, без разлика на карактерот на натпреварот.
– Не сум тренер што многу експериментира. Македонија секогаш игра да победи без оглед дали натпреварот е пријателски или за бодови, изјави Ангеловски.
По подолго време навивачите ќе имаат можност да се вратат на трибините. За овој натпревар пуштени се десетина илјади билети, односно 30 % од капацитетот на стадионот, па фановите на „црвено-жолтите“ ќе имаат можност уште еднаш да им дадат поддршка.
Ново на Сител
-
Убиство во скопски Чаир
-
Мицкоски: Борбата против корупцијата останува приоритет
-
Сиљановска: Жените да атакуваат на највисоките позиции
-
Македонија на венециското биенале
-
Зелено претприемништво за млади
-
Преглед на вестите од светот
-
Oпштокорисна работа за вандалите и нивните родители кои ќе уништуваат јавни површини
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација