-->
-->
Словенечките екологисти протестираа пред Собранието
-->
![]()
-Неколку стотина граѓани и членови на невладини еколошки здруженија протестираа пред словенечкото Собрание, бидејќи сметаат дека државата може со закон да го ограничи нивното учество во процесите на носење одлуки поврзани со природата во земјата.
Денеска во Собранието се расправа за амандман на Законот за заштита на природата, предложен од десничарската Словенечка национална партија (СНС), кој предвидува заострување на условите по кој невладиниот сектор и еколошките здруженија ќе можат да учествуваат во креирањето на законите.
-Тоа е војна против зачувувањето на природата во Словенија. Доколку амандманиот се прифати, природата во земјата ќе биде ставена на продажба, предупредуваат насобраните на протестот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДУИ обвинува за јазична дискриминација, ИЈЗ тврди дека нема неправилности
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена, следниот месец оди на аукција за продажба
-

Исплатата од „Алта банка“ започна и во Струмица, но со неколкучасовно доцнење
-

Цените на горивата паѓаат, животните трошоци растат
-

Нема неправилности во работата на ЦСР Гевгелија за убиството на 17-годишната Билјана
-

Судењето за Ива Михаилова продолжи во нејзино отсуство
-

УГД ги суспендираше двајцата осомничени вработени
