Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас

По истрагата и проверките што ги спроведоа припадниците на Крајбрежната служба на Грција, со помош на куче за откривање експлозивни направи, не беше пронајден ништо сомнително. Проверките следуваа откако попладнево беше пријавено дека на траектот „Blue Star 1“, закотвен во атинското пристаниште Пиреја, е поставена бомба. На бродот имало 875 патници и 83 членови на екипажот, пренесе дописничката на МИА од Атина.
Од грчката Крајбрежна служба информираа дека за време на проверките сите патници биле евакуирани. Траектот требало да исплови од Атина кон островите Сирос, Патмос, Лерос, Кос и Родос.
Освен патниците и членовите на екипажот, на бродот имало и 89 автомобили, 12 мотоцикли, 110 товарни возила и еден минибус. По завршувањето на проверката, се очекува траектот да добие дозвола за испловување.
Според грчките медиуми, пријавата била упатена од непознато лице до еден од патниците, со предупредување дека на бродот е поставена бомба која ќе експлодира.
Лажна дојава за бомба имаше и минатата недела, кога беше пријавено дека е поставен експлозивен механизам на крузерот „Crown Iris“. На бродот имало 940 патници и 597 членови на екипажот, а од грчкиот остров Сирос требало да отплови кон Хаифа, Израел.
Ново на Сител
-

Извештај на американскиот Конгрес: Државата со години не ги спречи злоставувањата на Епстин
-

Продажбата на станови во Македонија падна за 14 отсто, изнајмувањето порасна за 45 отсто
-

Египет прогласи 35 исламски организации во Европа за терористички, меѓу нив и здружение од Македонија
-

Општина Центар додели 149 субвенции за возачка дозвола, младите добиваат по 10.000 денари
-

Верижен судир во Јужна Кореја - Автобус удри во 32 возила, повредени се 48 лица
-

Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
-

Хорор во психијатриска болница во Загреб: 32-годишник починал по брутален третман од медицински техничари – го врзале, тепале и гушеле со перница
-

Најтопло утрово во Демир Капија и Претор, најстудено во Берово и на Попова Шапка
