Словенечката Влада презема чекори кон ставање на Централната банка под огрничен надзор
Словенија направи чекор кон ставање на независната Централна банка под ограничен надзор како одговор на обвиненијата дека банката пред четири години побарала премногу државен капитал за локалните банки, за да се избегне потенцијалната должничка криза, пренесоа британските медиуми.
Владата одобри измени во предлог законот што може на Државниот завод за ревизија, државен орган што го изведува надзорот врз трошењето на јавните пари, да му одобри набљудување на бизнис активностите на „Банка на Словенија“.
Тилен Божич, државен секретар во Министерството за финансии, изјави дека банката ќе остане независна, но Државниот завод за ревизија сега ќе може да ги ревидира одлуките што водат до трошење на државните пари.
Измените во законот, што се очекува Парламентот да го усвои во следните неколку месеци, на Државниот завод за ревизија, исто така, ќе му овозможат да ги преразгледува одлуките на Централната банка од последните 10 години.
Но, Државниот завод за ревизија нема да може да ја надгледува фискалната политика и активностите на „Банка на Словенија“, што се дел од активностите на европскиот систем на централни банки, посочи Божич.
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица