Слеп Словенец барал работа, нема да верувате што му понудиле
Невработен Словенец добил порака од Заводот за вработување да се јави на натпревар за возач на автобус, но надлежните веднаш му се извиниле, откако тој ја објавил пораката на социјалните мрежи, истакнувајќи дека е целосно слеп и како таков неспособен за некој вид на работа.
Себастијан Каменик од Цеље изјави за медиумите дека во младоста навистина сакал да стане возач на автобус.
Таа желба му се исполнила. „Наречете го тоа како трагикомичен или морбиден случај, како сакате”, рече тој.
– Јас разбирам дека службениците во заводот само си ја вршат својата работа и рутински испраќаат информации за слободни работни места, бидејќи треба да ги исполнат своите квоти. Сепак, би било пологично, тој што ги дистрибуира понудите да ги испраќа само на оние кои се соодветни за секоја личност”, вели Каменик.
Откако ја информирал јавноста за својот случај, му се јавиле и други лица со попреченост кои исто така добивале понуди несоодветни на нивните способности.
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел