Славевски: Владата ја прогласи годината за економска, а не гледаме никаков напредок
Денеска сме во Општина Петровец, на високо ниво од раководството на партијата ВМРО-ДПМНЕ и од Општинскиот Комитет тука на средби со граѓаните за завршната фаза за подготовка на програмата за следните предвремени парламентарни избори, што ја подготвува партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Традиција е партијата досегашните програми во изминатите 20 години да ги подготвувала во соработка со граѓаните. Секако собираме идеи кои подоцна ќе бидат разработени од нашите експертски тимови, од комисиите во една конзистентна програма која што ќе понуди одговор на горливите прашања во Република Македонија, кои што како што гледаме не се решаваат.
Сведоци сме на тоа дека Владата на Заев предводена од СДСМ и ДУИ вети многу, не реализира речиси ништо. Ја прогласија 2019 година сосема на крајот за економска, а не гледаме никаков напредок.
Досега фокусот беше ставен единствено само на промена на името и договор со Бугарија. А, гледаме кои се да речеме резултатите од тоа, речиси и да не ги гледаме.
Членството во НАТО и во ЕУ се уште изгледа како далечна перспектива и секако ние работиме нели тоа да се случи што побрзо, но свесни сме дека проблемите на граѓаните не се решаваат автоматски со евентуалното членство во НАТО. Еве погледнете го примерот на соседна Албанија, таа е членка на НАТО веќе повеќе години но има огромни проблеми, нели со кои што се соочуваат нивните граѓани.
Значи само да заклучам, ние ги цениме идеите на граѓаните и ќе се потрудиме да најдеме решение за секој нивен проблем.
Ново на Сител
-
Преглед на вести од светот
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб