-->
-->
Слаби врнежи од снег на Попова Шапка, сите патни правци проодни
-->
Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка. Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни, информираат вечерва од Јавното претпријатие „Македонијапат“.
На одредени патни правци што поминуваат низ клисури и усеци, можна е појава на поситни одрони.
Претпријатието апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен со 172 специјални возила за одржување на патишта и ги одржуваат сите патни правци проодни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари